Со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.
Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11.000 денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до крајот на декември оваа година.
„Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права“ – стои во соопштението од Владата.