Карневалските групи на Здружението „Струма“ и на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица вечерва со своите маски се претставија на 54-то издание на Фестивалот на Мимозите во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува од 17 февруари до 4 март, со 50-тина настани, а вечерва струмичани се претставија на карневалската вечер.
Здружението „Струма“ пред публиката во Херцег Нови се претстави со маската од годинашното издание на Струмичкиот карневал – „Копнеж“, со која ја освоија првата награда во категоријата Б: групна маска од 30 до 50 лица и првата награда во категоријата Е: со алегориско возило, но вечерва таму беа без возилото. И карневалската група на СОУ „Јане Сандански“ се претстави со маската од годинашното издание на карневалот во Струмица – „Тик Так“ со која ја освоија втората награда во категоријата А: групна маска со 50 и повеќе лица.