Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во разговор со жители на Ново Село, чии куќи и помошни објекти изгореа во големиот пожар кој избувна попладнево, вели дека овој пожар бил многу голем и опасен. Еден од сопствениците на опожарена куќа вели дека пожарот настанал од искри што паѓаа покрај сува трева од електричните кабли кои со бандери се поврзуваат покрај патот.