Синоќа околу 23:00 часот во селото Добрашинци, општина Василево, Противпожарната единица на Струмица со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители интервенирале на гасење на запалена тракторска приколица со слама како и на копи слама и јонџа.
„Веднаш после пристигнувањето беше спречено неговото ширењето на пожарот и потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање. Причинета е значителна материјална штета“ – информираат од ТППЕ Струмица.