Последниот концерт во рамките на „Strumica Classic International Festival 2024“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Концерт ќе одржи камерниот оркестар „Аморосо“ од Србија, а како солист ќе настапи Билјана Милјковиќ на флејта. Ова е петтиот и завршен концерт на годинашното издание на фестивалот на кое настапуваат врвни уметници од Македонија, Хрватска, Бугарија и Србија.
Третиот фестивал на камерна музика „Strumica Classic International Festival“ годинава се одржуваше од 1 до 9 јуни на повеќе локации низ Струмица.
Недела, 9 јуни | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица