вторник, 21 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Вечерва промоција на книгата „Раскази од минатиот век“

сабота, 22 јули, 2023 | 15:25
in Вести, НАЈАВА, НАСТАНИ, Струмица
Вечерва промоција на книгата „Раскази од минатиот век“

Вечерва во рамките на „Струмица Опен Фестивал 2023“, од 20:30 часот во Градската Уметничка галерија на плоштадот во Струмица ќе биде промовирана книгата „Раскази од минатиот век“ на Виолета Танчева – Златева, поетеса, раскажувачка, есеистка, лекторка и преведувачка, родум од село Бориево, струмичко. Настанот ќе биде во форма на книжевен разговор со авторката, што ќе го водат д-р Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева, а публиката ќе има можност да се вклучи со свои прашања и размислувања.

Виолета Танчева – Златева дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Била член на редакциите на списанието за книжевност и култура „АКТ“ и на списанието на ДПМ „Стожер“. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје. Ги има објавено следните книги: Проза: Книга за сонот (куса проза, 1991), Враќања (роман, 1993), Враќајќи се во Бориево (раскази, 1999); епистоларниот роман за деца Шарени писма (2008). Поезија: Мојот Пикасо (2007; и двојазично издание на српски и македонски јазик Мој Пикасо/Мојот Пикасо, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008), Заробеници на молкот (2010), Огнена (2011), Нашата приказна (2013), Година без лето (2015), Патот (2018), На работ на светот и Капе времето (2021). Застапена е во повеќе избори, панорами и антологии. Нејзини песни и раскази се препеани/преведени на неколку јазици и објавени во повеќе списанија на српски, црногорски, словенечки, англиски, бугарски, албански, романски, руски, германски јазик. Освоила четири награди на Анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години; прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ во 1991 година за Книга за сонот; награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година за најдобра книга за Година без лето; награда „Ацо Шопов“ на Друштвото на писатели на Македонија за најдобра поетска книга во 2018 година за Патот; награда „Антев златник“ на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за 2022 година за поетскиот ракопис Глуво време.

Елизабета Баковска

Збирката „Раскази од минатиот век“ (издание на Три, 2022) на Виолета Танчева-Златева, како што напиша и самата авторка во најавата на социјалните мрежи, доаѓа 14 години по нејзината последна прозна книга (роман за деца) и по 8 поетски книги. Таа содржи 30 раскази, уредно и систематизирано, речиси симетрично, подредени и поделени на еден пролог, четири групи по седум раскази и еден епилог. Секоја од четирите групи, пак, има свој наслов: првата е „Меѓу сонот и јавето“, втората „Лица и наличја“, третата „По нишките на детството“, а четвртата „Егзистенцијалистички“.

Лидија Димковска  

Во „Раскази од минатиот век“ Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен крадец од Струмица, расчистени три кривични дела

Next Post

СВР Струмица поднесе известување до ОЈО Струмница против двајца малолетници од Струмица

Related Posts

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат
Вести

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

понеделник, 20 октомври, 2025 | 10:58
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ освои и мнозинство во новиот состав на Советот на општина Струмица со 13 мандати, наспроти 8 за СДСМ, а по еден ЗНАМ и Левица

понеделник, 20 октомври, 2025 | 08:41
Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

недела, 19 октомври, 2025 | 23:40
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

недела, 19 октомври, 2025 | 23:02
ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите
Вести

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите

недела, 19 октомври, 2025 | 16:44
Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале
Вести

Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале

недела, 19 октомври, 2025 | 07:59

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Во Македонија денеска се одржуваат Локални избори – во четирите струмички општини право на глас имаат 84.548 граѓани

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите

Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist