Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва била запалена депонија помеѓу селата Турново и Иловица, од каде е спречено да не ги зафати околните површини и не предизвика пожар од поголеми размери. Интервенирано е со четири пожарникари – спасители и две противпожарни возила.
„Додека во другите делови на Македонија се водат битки со шумски пожари овие две недели во поширокиот Струмички регион, ТППЕ Струмица има десетина интервенции на запалени депонии кои покрај големото загадување на воздухот се потенцијална опасност за проширување на пожарите на околните објекти и површини. Речиси сите се изгаснати за кратко време после пристигнувањето“ – соопштија пожарникрите.
ФОТО: ТППЕ Струмица