По повод големиот Христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов со видео обраќање до граѓаните кои денеска го слават Велигден.
„Драги мои сограѓани – верни Богољупци и следбеници на Христовото дело. Христовото Воскресение нека ги дарува со светлина Вашите домови и нека ви донесе здравје, живот, среќа, радост, мир, хармонија, спокојство и благосостојба, Вам и на Вашите семејства“, стои меѓу другото во видео обраќањето на градоначалникот Костадинов.