Пред почетокот на денешниот последен натпревар за Македонија во Европската Златна лига 2023, посебно признание му беше доделено на нашиот одбојкарски репрезентативец, Васе Михаилов.
Искусниот струмичанец денеска по 100-ти пат е во дресот на нашата репрезентација, па токму по тој повод пригодна плакета му врачи членот на извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија, Ивица Хаџи-Иљоски.