Двајцата струмичани, родум од Дабиље, браќата Миле и Ѓорги Барбаровски ја добија наградата за животно дело на 26-та „Златна Бубамара на популарноста“.
Музичко-поетскиот тандем, браќата Барбаровски со децении се една од најсилните спојки на македонската новозодадена песна. Ѓорги Барбаровски испиша антологиски стихови, Миле за нив компонираше музика. Заедно создадоа безвременски хитови што ги отпееја најдобрите „грла“ на македонската музичка сцена.