„Сакам да известам дека листите на транспортери и превозници со важечки сертификати за професионални возачи веќе се доставени до МВР и очекувам за десетина дена да бидат издадени нивните патни документи како што договоривме претходно“, кажа денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средба со транспортери и превозници од југоисточниот регион која попладнето се одржа во Домот на АРМ во Струмица.
Тој најави дека во следниот период заедно со здруженијата ќе се работи на промена на уредбата за распределба на меѓународните дозволи.
„Продолжуваме да ја развиваме транспортната дејност и да обезбедуваме подобри услови за работа на домашните транспортери“, кажа Бочварски.