Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Борче Цветков ги поканува граѓаните, симпатизерите и членови на СДСМ од Струмица и струмичкиот регион на митингот за поддршка на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски кој ќе се одржи вечерва (сабота, 20 април) од 20:00 часот пред влезот во големиот градски парк (Споменик на Револуцијата), кај чешмичката.
„Почитувани членови и симпатизери на СДСМ, почитувани граѓани на Струмица.
Ве повикувам масовно да дојдете на предизборниот митинг на нашиот кандидат за претседател Стево, сабота 20 април, во 20:00 часот во Градскиот парк, кај чешмичката.
Дојдете за да слушнете и разберете зошто нашиот Стево има победничка програма, а ние уште еднаш во низата да забележиме победничка поддршка по која е позната нашата Струмица.
Нема откажување од иднината! Се гледаме во сабота“, се вели во поканата на Борче Цветков.