Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица и кандидат за пратеник, Борче Цветков со реакција на обвинувањата од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
„Почитувани граѓани,
Како претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица и кандидат за пратеник од СДСМ во Изборната единица 4, најостро ги демантирам и отфрлувам сите обвинување упатени кон мене од страна на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Но, тоа е ДПМНЕ, освен да шират лаги и да манипулираат со народот, ништо друго и не знаат.
Ниту сме во паника, ниту пак сме вршеле, ни ќе вршиме притисоци и закани на вработени во администрацијата, ниту пак укинуваме социјална помош, НИКОГАШ ДОСЕГА ТАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ПРАВЕЛЕ. ДПМНЕ се мајстори за тоа и немаме намера да им го земаме занаетот. А уште помалку да им се закануваме на нивните активисти и да шириме страв меѓу членовите и активистите на СДСМ. Поголеми небулози од овие досега не сме слушнале.
Тенденциозно е небулозно е и обвинувањето за наводно каменување на штабовите на ВМРО ДПМНЕ во Вељуса и Габрово. Па ВМРО ДПМНЕ беше и останува синоним за вандализам, што е потврдено на фотографиите коишто се во прилог.
И за крај, сонот за Струмица НИКОГАШ нема да ви се оствари. Струмица НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ВАША. Дваесет години го соновувате тој сон и уште најмалку толку ќе сонувате и ќе копнеете по неа. Деновиве сте се расшетале по неа и не можете да и се нагледате колку е различна и напредна за разлика од општините каде што вие владеете. Запознајте ја и разгледајте ја, за да ви биде уште повеќе мака по 8 мај, затоа што нема да ја освоите.
Битката е изгубена, но не и војната“ – стои во реакцијата на Цветков.