Транзитниот пат во Струмица, кај Ромското маало, вечерва е под блокада на група граѓани. Тие се снимаат на социјалните мрежи говорејќи револтирано за казните кои Министерството за внатрешни работи започна да ги издава во рамки на системот „Безбеден град“. Вакви собири се појавија вечерва и во други градови.
Струмичани вечерва можеа да забележат чад и оган во овој дел на градот. Според информациите од терен, групата граѓани запалиле гуми на патот, што дополнително придонесува за загадувањето на воздухот – проблем со кој Струмица се соочува подолг период.
Екипи на СВР Струмица и ТППЕ Струмица се на терен. Пожарникарите ги гасат запалените гуми.
ДОПОЛНИТЕЛНО во 21:05 часот – Транзитниот пат е одблокиран од страна на полицијата… Противпожарната единица на Струмица го изгаснаа оганот од гуми кои го запалија протестантите од Ромското маало…
Фотографии: Здрава Котлина




























