Наградата за високо актерско достигнување на 33-от Меѓународен Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица ја доби актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска од Драмскиот театар Скопје за улогата Корин Фел во претствата „Гадионовиот јазол“ од Џоана Адамс. Таа добива златен медалјон со ликот на Ристо Шишков, плакета и парична награда од 1500 евра.
За најдобра претстава на годинашното издание на ФКТ „Ристо Шишков“ е прогласена „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир во адаптација и режија на Мартин Мирчевски а во изведба на Народниот театар од Битола.