Од Општина Босилово информираат дека за домаќинствата во населените места Радово и Босилово се обезбедени канти за селекција на пластика, истите веќе почнаа да се доделуваат, а веќе од 1 септември општината ќе почне и со селекција и подигање за пластиката од овие канти.
Од таму додаваат дека во процес е и на набавка на ново возило за собирање на смет, а очекуваат и нови возила за смет и нови канти и за другите населени места на територијата на општина Босилово.
„Постепено, но сигурно, селекцијата на отпад во општина Босилово ќе биде на највисоко ниво“ – соопштија од општината.