Бесплатен престој за децата на самохраните родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во Струмица кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на Општина Струмица.
Јавниот повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца во градинките е објавен на општинската веб страница и ќе биде отворен до 23 јануари.