Димитар Божинов е добитникот на главната награда автомобил „VOLKSWAGEN POLO“ во финалното извлекување од големата наградна игра која втора година ја организираат Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, а се одржа денеска на 9-от роденден на ова компанија.
Малиот Димитар е пресреќен што токму ливчето со неговото име што го напишал дедо му беше извлечено. Дедо му вели дека се надевал на награда, но не очекувал дека токму автомобилот ќе биде нивната среќа, односно ќе го добие неговиот внук. Тој им порача на сите возачи да полнат гориво од „Бензоил“, од најдобрата Бензинска станица што знае секогаш да ги изненадува своите потрошувачи.
По извлекувањето добитникот веднаш беше телефонски известен за наградата и дојде со семејството да го земат клучот од автомобилот, а во негова чест и по повод роденденот на „БЕНЗОИЛ“ беше организиран и мал коктел на самата Бензинска станица.
Во изминатата 2022 година, колку што траеше ова наградна игра на „БЕНЗОИЛ“, беа доделени уште 12 награди во три кола, по три Веспа Italjet, Лаптопи, велосипеди и мобилни телефони.