Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица бил пронајден човечки труп. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од струмичката полиција.
Од Основното Јавно обвинителство во Струмица велат дека информации за идентитетот на лицето и можните причини за смртта ќе дадат по завршувањето на обдукцијата.