Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект утрово е прекинато водоснабдувањето на дел од улицата „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ во градот Струмица, односно од куќен број 10 до број 69. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:00 часот.