Врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од овој водоснабдителен систем, стои во денешното соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.