понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица го доби признанието „STVARATELJI ZA STOLJEĆA“ од Меѓународниот комитет при Светскиот конгрес на претприемачи

петок, 22 декември, 2023 | 16:21
in Вести, МАРКЕТИНГ, Струмица
Аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица го доби признанието „STVARATELJI ZA STOLJEĆA“ од Меѓународниот комитет при Светскиот конгрес на претприемачи

ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица оваа 2023 година, година во која го одбележува своето 30-годишно постоење, ја круниса со добивање награда и признание: „STVARATELJI ZA STOLJEĆA“, која ја доделува Меѓународниот комитет при Светскиот конгрес на претприемачи.

Во перидот од 6 до 9 декември, во Дубровник, Хрватска, се одржа Третиот Светски конгрес на претприемачи и на истиот присуствуваа повеќе од 200 учесници. На овој Конгрес беа доделени повеќе награди, меѓу кои и награда и признание за развој, идеја, иновација и инвестиција во претприемништвото во средна и југоисточна Европа.

Во процесот на избор за доделување на награди учествуваа 92 предлагачи од 11 земји од средна и југоисточна Европа. Од вкупно 237 предложени кандидати од овие земји се избрани 94 кандидати, чие работно и професионално портфолио беа разгледувани, за на крај Меѓународниот комитет да додели награда „STVARATELJI ZA STOLJEĆA“ на 49 најдобри правни и физички лица кои во изминатите години придонеле за развој на претприемништвото во средна и југоистоична Европа.

На Третиот Светски конгрес на претприемачи во Дубровник, на ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица и беше доделена Награда и Признание за развој, идеја, иновација и инвестиција во претприемништвото во средна и југоисточна Европа за 2022 година.

Визијата на Светскиот конгрес на претприемачи е создавање на собир на најквалитетни претприемачи кои во континуитет ќе ја претставуваат платформата за научна и стручна расправа помеѓу претставниците на работната и академската заедница, државните институции и граѓанските друштва и организации, со цел допринос во глобалниот равој на претприемништвото.

Што ја прави ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица различна од останатите аптеки во Струмица и Македонија и беше вреднувана со доделување награда и признание од Светскиот конгрес на претприемачи.

„Првата работа по која се разликуваме од останатите аптеки е активното учество во промоција на фармацевтот како здравствен работник, важен и рамноправен во здравствениот систем. Нашиот долгогодишен директор, магистер фармацевт Марија Стојанов, еден од основачите и првиот претседател на Здружението на приватни аптеки на Македонија, јасно ја трасираше нашата визија за промоција  и статус на фармацевтската професија во здравствената дејност. Нашите вработени магистри по фармација со таа визија активно се вклучени секоја година во активности и проекти за промоција и унапредување на фармацевтската професија. Во моментот наши фармацевти се вклучени во два проекти кои имаат за цел унапредување на фармацевтската грижа. Тоа се проектите Asthma Right Care и Smart Pharmacist, во кои, како сертифицирани фармацевти едукатори, спроведуваат работилници и обуки за фармацевтска грижа.

Работа која не прави исто така поразлични од останатите аптеки е посветувањето на особено внимание на континуираната едукација на вработените. За таа цел креиравме сопствена Програма за стручно оспособување, усовршување и образование, со која е опфатена обуката и воведувањето на ново вработените во фармацевтското работење, но и коинтинуираната едукација и надградба на знаењата на веќе вработените.

Но, можеби најзначајна работа, која не прави поразлични од останатите аптеки е нашата општествена одговорност. ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица посветува огромно внимание на организирање и учество на настани кои имаат за цел промоција на здравјето на граѓаните, промоција на здрави животни навики и активности за превенција на болести. Само оваа година имаме организирано шест вакви настани по повод одбележување на Светски ден на орално здравје, Светски ден на брорба против дијабет, борба против хипертензија, Светски ден на грижа за сопственото здравје, Светска недела на доењето и Светски ден посветен на правата на детето.

Преку создавање на целосен опфат од едукација, превенција, советување и третман на пациентите – корисници на услуги, ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица продолжува и понатаму доследно да ги промовира вредностите како што се стручност, професионализам, почит, доверба и етика во фармацевтската професија.

Растот и равојот на аптеките „ЕЛИКСИР“ секогаш беа проследени со внимателна процена на пазарот и можностите за отворање на секоја нова аптека, како би била обезбедена стабилност и развој на Установата, но и континуирана и квалитетна фармацевтска услуга за граѓаните.

„ЕЛИКСИР“ е дел од фармацевтската дејност веќе 30 години и со својата работа продолжува да ја следи визијата за создавање и одржување на бренд, кој со тек на годините стана препознатлив во фармацевтската дејност во Македонија по својата различност и уникатност.

„ЕЛИКСИР својата развојна тенденција продолжува да ја базира на своевиден егзистенцијален пркос, нужна и достоинствена професионална оствареност, некаде помеѓу од една страна здравствените институции и, од друга страна, онаа приоритетната – пациентот. Нашите траектории се јасни: отворено, комплексно и доблесно…“, велат од ПЗУ – аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица.

Комерцијална објава

ShareTweetShare
Previous Post

„Петарди НЕ – безбедност пред се“ – превентивни активности на СВР Струмица

Next Post

Прва награда и покана за рецитал во Њујорк за младиот пијанист Стефан Ончев од Струмица

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist