среда, 17 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Анче Туфекчиева бара Закон за родителите на деца со попреченост да се признаат како родител – негувател

среда, 30 април, 2025 | 08:36
in Вести, Струмица
Анче Туфекчиева бара Закон за родителите на деца со попреченост да се признаат како родител – негувател

Претседателката на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром и нивните семејства „Вера“ од Струмица, Анче Туфекчиева, мајката на Верче, девојчето со Даунов синдром, покренува иницијатива за собирање на потписи со кој ќе се поднесе предлог Закон за родителите на деца со попреченост да се признаат како родител – негувател, бидејќи тие како родители на децата со попреченост кои ги негуваат и им помагаат 24 часа на ден, со години, со децении се без плата, без осигурување, без пензија.

„Во нашата земја мајката/таткото на дете со попреченост не се признаени со закон. Ни треба закон за родител – негувател!

Ние не сме згрижувачи, ние сме биолошки родители кои ги негуваат своите деца со попреченост 24 часа на ден, со години, со децении… без плата, без осигурување, без пензија…

Многу од родителите не можат да работат затоа што нема кој да го гледа детето.

Не можеме да одиме на лекар, не можеме дури и да легнеме кога ќе се разболиме, не можеме ни да одиме на вечера со пријатели ако нема кој да се грижи за нашето дете.

И секоја чест на секој Згрижувач на дете со попреченост, им се поклонувам до земја… Но дали мислите дека и ние не треба да сме подеднакво исти и рамноправни како биолошки родители.

Но ние си молчиме, бидејќи немаме време да викаме затоа што секојдневната борба ни е поважна од било што.

И гледајќи што секојдневно ни се случува и дека Хуманоста веќе оддамна ја нема таму каде што се носат одлуките, мислам дека е време да го кренеме нашиот глас.

И не, оваа приказна не е само за мене и Верче и за нашето семејство оваа приказна е секојдневие на повеќе од 200.000 семејства во нашата држава, а да не зборуваме за Мајките со попреченост кои покрај својата попреченост подариле живот и нив никаде ги нема.

Нашите семејства не се социјални случаи, нашите семејства се Херои кои секојдневно системот ги гази!

Мислам дека е време да се организираме и да добиеме статус на родител – негувател!

Можеби ќе ни биде потребно многу време, но да го направиме тоа за секое семејство на лице со попреченост!

Да го направиме тоа за идните генерации! Очекуваме поддршка од сите“ – напиша Анче Туфекчиева, најавувајќи дека за следниот чекор околу собирањето на потписи за поднесување на предлог Закон дополнително ќе ги информираат граѓаните кои ќе сакат да ја дадат поддршката.

ShareTweetShare
Previous Post

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица „за проблемите“ на Старата чаршија

Next Post

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Градашорска крстосница“

Related Posts

ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist