Проф. д-р Ана Витанова Рингачева од Струмица, раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е номинирана за „Европска жена на годината“ на предлог на „Европската куќа“ во Струмица, а поддржана од амбасадорката на Шведска во Македонија, Ами Ларсон Јаин.
„Ана континуирано создава љубопитност и интерес кај младите да ја истражуваат моќта и убавината на македонскиот јазик, книжевноста и културата воопшто“ – стои во коментарот за номинацијата на профескорката Ана Витанова Рингачева за „Европска жена на годината“.
Таа е автор на над педесетина стручни и научни трудови, рецензии, осврти, критики. Автор е на повеќе книги, но и добитник на Годишната награда на Општина Струмица – „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, како и на други книжевни награди.
Инаку, во конкуренција за „Европска жена на годината“ се седум номинации, а гласањето е преку социјалната мрежа Фејсбук со ставање лајк или срце на фотографијата на кандидатката. За проф. д-р. Ана Витанова Рингачева можете да гласате на следниот линк >>> најдоцна до 7 март до 23:59 часот…