Шефот Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Килијан Вал денеска имаше теренски средби во Струмица, на кои се информираше за тековните случувања и битните прашања. Тој се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов, началникот на СВР Струмица Томе Весeв и претседателката на Здружението „Скај Плус“, Стојне Митева.
Градоначалникот Костадин Костадинов го информирааше амабасадорот Вал за актуелната политичка динамика и односите меѓу општинската администрација и општинските совети.
„Имавме повеќе заеднички теми за разговор, но главна беше функционирањето на општината и новите предизвици пред кои се наоѓаме, а со чии решенија потврдуваме дека сме лидери во практицирањето на локалната власт. Го потенциравме Локалниот совет за превенција кој со својата функционалност не прави единствена општина во државата со таков успешен начин на решавање на проблемите на граѓаните“ – вели градоначалникот Костадинов.
Од Мисијата на ОБСЕ информираат дека активното негување и одржување контакти на локално ниво е од централно значење за извршувањето на мандатот на Мисијата во сите области, вклучително и во однос на локалната самоуправа, меѓуетничките односи, јавната безбедност и сигурност и родовата еднаквост.
Во неколкуте разговорите на амбасадорот на ОБСЕ, меѓу кои и со началникот на СВР Струмица, Томе Весeв и психологот во Шелтер центарот за жртви од семејно насилство во Струмица, Стојне Митева биле вклучени и различни аспекти на локалната безбедност. Меѓу акцентите биле и родовата еднаквост и напорите за справување и спречување на семејното насилство.