Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во неговиот кабинет имаше средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Биби Грамсон.
На средбата градоначалникот ги запознал високите гостинки со спецификите на општина Струмица, апострофирајќи ги природните, културно-историските и туристичките белези, како и со стопанските потенцијали со кои располага нашата општина. На средбата станало збор и за приоритетните ангажмани кои ги презема Општина Струмица во рамките на своите надлежности, кои се во функција на развојот на општината и подобрување на животот на граѓаните, информираат од Општина Струмица.
Градоначалникот, амбасадорката и вице-амбасадорката разговарале и на актуелни теми, како и за можноста за унапредување на понатамошната соработка помеѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица.
Амбасадорката на Кралството Шведска, заедно со членови на тимот кој ја менаџира развојната соработка со Република Северна Македонија и претставници од Европската делегација, денеска во Домот на АРМ имаа средба и со претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.