Познатата поп-пејачка од Струмица, Александра Јанева му кажа „ДА“ на своето момче кое е во врска веќе три години, откако тој ја побарал да му биде сопруга.
Чинот се случил под Ајфеловата кула во Париз, Франција, а Александра веста ја објави со фотографии на социјалните мрежи каде напиша „Овој пат вечерта промени сѐ!“.
Иван кој и е најголемата поддршка на Александра во нејзината пејачка кариера е роден во Струмица, но израснал во Штип.