Во пресрет на 3-ти декември, меѓународниот Ден на лицата со попреченост, активисти на Здружението „Размислувај различно“ од Струмица посети неколку општини од југоисточниот регион, односно беа во Струмица, Гевгелија, Василево и Ново Село и поделија свои флаери со пораки.
Активисти беа во посета и на членови на оваа здружение во овие места со кои разговарале за нивните проблеми, за нивните потреби и да се најде начин да им се излезе во пресрет.
Податоците укажуваат за 16% од светската популација која страда од попреченост, односно 1,3 милијарди луѓе на светот се соочуваат секојдневно со телесна или интелектуална потешкотија.
Здружението „Размислувај различно“ потсетува дека лицата со попреченост имаат поголем ризик да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, мозочен удар или орално здравје. Тие потсетуват на недостапноста на многу услуги и бариерите со кои се соочува оваа популација.
„Не претпоставувајте дека попреченоста е видлива. Обидете се да ги идентификувате лицата со попреченост проактивно“ – повикуваат од здружението „Размислувај различно“.