Актерот на струмичкиот народен театар „Антон Панов“, Игор Тодоров ја освои наградата „Најдобра машка улога“ на 33-от Национален фестивал на малите театарски форми – „Враца 2023“ и 11-от Меѓународен фестивал „НЕТА“, што се одржаа во Враца, Бугарија.
Тодоров наградата за најдобра машка улога ја доби за изведба на ликот Морган Смит во претставата „Пчелите ќе умрат“ од Иван Вирипаев, во режија на Драгана Таневска, а во копродукција на НТ „Антон Панов“ и ФКТ „Ристо Шишков“, која премиерно беше изведена на 7 мај во Струмица. Улогите во претставата покрај Тодоров ги играат Ангелина Тренчева Ангелова и Танкица Стојанова.