Италијанско-американскиот конзорциум Брера Холдингс и официјално потврди дека го купи струмичкиот прволигаш ФК Академија Пандев. Овој конзорциум купи 2.250 акции од Академија Пандев односно 90 отсто од сопственоста за 603.000 евра.
„Многу ни е драго што ќе продолжиме да работиме со Горан Пандев и клубот што тој го основа во 2010 година и што ќе го донесеме наследството на брендот Брера ФК во Македонија“, изјави Алесандро Алеоти, главен стратешки офицер на Брера Холдингс.
Со нови сопственици струмичкиот клуб ќе добие и ново име, Брера Струмица.
„Со купувањето на Академија Пандев и преименувањето во Брера, имаме намера да ги подобриме перформансите на тимот и во идеален случај да подготвиме играчи за професионалниот трансфер пазар и да земеме награди поврзани со правата за учество во УЕФА“, рече извршниот директор на Брера Холдингс Сергио Скалпели.