Сениорскиот тим на ФК „Академија Пандев“ денеска започна со подготовките за пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот Александар Васоски ги имаше на располагање 27-те играчи, а кон тимот се приклучени и неколку фудбалери од младинскиот тим. Новитет во стручниот штаб е Томи Пандев, кој се враќа на позицијата тренер на голмани.
„Пандевци“ на 21-ви јануари заминуваат на подготовки во Анталија, Турција, а до заминувањето ќе се одигра и еден пријателски натпревар со „Брегалница“ Штип.
Планирано е во Анталија да се одиграат четири контроли, против екипите на „Марица Пловдив“ (Бугарија), „Актобе“ (Казахстан), „Зорја“ (Украина) и „Кизилхар“ (Казахстан).
По враќањето во Македонија ќе се одиграат уште два контролни натпревари против „Детонит Плачковица“ и „Беласица“.