Од струмичката полиција информираат дека вчера околу 12:30 часот на регионалниот пат Струмица – Берово настанал пожар во патничко возило во движење со германски национални ознаки, управувано од З.С.(57) од Струмица. Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи со противпожарни апарати, а повредени лица нема.