Струмичката рап сцена во последниот месец од 2023 година е збогатена со најновата песна на Даниел Стојков – Дако насловена „Pull Up“, објавена денеска. За целоста на „Pull Up“ се погрижи и струмичанецот Борис Наков – Лакас, кој долги години соработува со Дако, а кој е одговорен за видеографијата, миксот, мастерот, како и насловната фотографија на новата песна.
„Pull Up“ е трета песна на Дако оваа година, откако во јануари и февруари ги објави „Mami 2“ и „Luta“. За разлика од овие две, „Pull Up“ има и видео спот, снимен на повеќе локации во Струмица.
На 7 октомври годинава во Струмица се одбележа Денот на хип-хоп културата, кој беше посветен на јубилејната 50-годишнина на оваа култура. На настанот, во сегментот „отворен микрофон“ свој настап имаше и Дако.
Слушнете ја најновата песна на Дако „Pull Up“, достапна на неговиот Јутјуб канал.
РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка
Радио СтрумицаНет е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.
©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost