среда, 11 декември 2024

ТОП ВЕСТИ

ВЕБ БИЛБОРД

ВЕСТИ од Македонија

НАЈАВА

На празникот на градот Струмица ќе биде отворена Изложба на мозаици од Ѓорѓи Томовски

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на патрониот празник на градот Струмица – 11 декември, во 13:30 часот ќе биде отворена Изложба на мозаици од авторот Ѓорѓи Томовски.

Авторот ќе се претстави со една особено сложена техника како што е мозаикот, а го става на нашето културно наследство: појаси, килими и друго.

Томовски  на своите сликарски платна ја пренесува средината со која е опкружен, секојдневието, далечни населби, градот во ноќта со сите свои знаци и симболи: затемнување, магла, отсјај во ноќта, вкрстување на патишта и слично

Во неговите мозаици се гледа сплотување на камчињата и умешно воден цртеж врз обоената подлога, а користи материјали и постапки кои кои отскокнуиваат од класични мозаички техники. Учествувал на многубројни групни изложби во земјава и надвор од неа.

Томовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорот Родољуб Анастасов. Учествувал на многу изложби и симпозиуми за мозаик во земјата, но и странство. Учествувал и во изработката на монументалните мозаици во Собранието на РМ чиј автор е проф. Газанфер Бајрам.

Среда, 11 декември | 13:30 часот | Центар за култура – Струмица

 

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Add New Playlist