вторник, 2 декември 2025

ТОП ВЕСТИ

ВЕБ БИЛБОРД

ВЕСТИ од Македонија

НАЈАВА

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

Во сабота, на 29 ноември, со почеток во 19:00 часот, во големата сала на ресторан „Ројал Парк“ во Струмица ќе се одржи деветтото издание на традиционалната манифестација „Убави сме, свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Настанот, кој прерасна во препознатлива ревија на хуманоста, има за цел да ја пренесе пораката дека и лицата со попреченост знаат и умеат – само треба да им се даде поддршка и можност да блеснат пред јавноста.

Како и секоја година, учесниците на ревијата ќе продефилираат со голема самодоверба, а публиката ќе има можност да ги види и јавните личности кои ќе им бидат придружба на модната писта.

Влезниците за хуманитарниот настан се продаваат по симболична цена од 200 денари, а сите собрани средства се наменети за поддршка на активностите на здружението. Деновиве на официјалната страница на „Вера“ се објавуваат информации за секој учесник и гостин, како и дополнителни детали за програмата на настанот.

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Add New Playlist