Ротари Клуб Струмица го најавува настанот „MOVEMBER – Едукативна трибина за машкото здравје“, кој ќе се одржи на 20 ноември 2025 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот центар – Струмица, лоциран во општинската зграда.
Настанот е дел од глобалната Movember иницијатива, чија цел е подигнување на јавната свест за машкото здравје, особено во делот на превенцијата и раното откривање на заболувања како што се ракот на простата и проблемите со репродуктивното и хормоналното здравје.
Главен говорник ќе биде Д-р спец. уролог Софче Митковска Милкова, која ќе презентира практични совети и информации поврзани со:
- превенција и рано препознавање на рак на простата,
- машка плодност и хормонално здравје,
- важноста на редовните уролошки прегледи,
- здрави навики и современи медицински пристапи.
Организаторите истакнуваат дека настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани граѓани, со цел што повеќе мажи да се охрабрат да разговараат за своето здравје и да преземат навремени превентивни чекори.
„Грижете се за себе – затоа што здрав маж значи здрава заедница“, е пораката што Ротари Клуб Струмица ја упатува во рамките на овогодинешниот Movember.




























