Утрово на 76-годишна возраст по кратко боледување почина Ѓорѓи Панчуров, спортски работник од Струмица, поранешен сојузен фудбалски судија во бивша Југославија, кој на 33-годишна возраст започнал да суди во Првата Југословенска лига.
Панчуров ги судел натпреварите помеѓу „големата четворка“ во Првата Југословенска лига, меѓу кои и дерби натпреварот помеѓу Хајдук и Црвена Ѕвезда. Во ноември 1983 година во Струмица го суди и прошталниот натпревар на Благој Истанов, кога во негова чест играат Беласица и Партизан.
Посмртните останки на Панчуров ќе бидат изложени утре (недела, 9 март), од 12:00 до 14:00 часот во Градската капела во Струмица по што ќе се изврши погребот.