По кратко боледување денеска почина шаховскиот мајстор, Панче Шарламанов од Струмица.
Панче Шарламанов е еден од најдобрите шахисти во Струмица, роден 1960 година, легенда на струмичкиот шах, почесен член, еден период и учител на ШК „Цареви Кули“ во Струмица. Играл со многу познати шахисти во СФРЈ, до крај докажа дека е најдобар во Струмица, држејќи го првото место на Гран-При турнир кој го организира ШК „Цареви Кули“ од Струмица.
Погребот на Шарламанов ќе биде утре, среда, 23 август во 13:00 часот на Градските гробишта во Струмица, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 12:00 часот.