Сабота, 1 Април 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ од Македонија

IN MEMORIAM: Почина маестро Милан Завков

Вторник, 7 Февруари, 2023 | 07:34
во ВЕСТИ од Македонија
IN MEMORIAM: Почина маестро Милан Завков

Синоќа ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Ансамблот „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.

Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.

 

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Завршна конференција од проектот „Заедно кон родово одговорни заедници“

СЛЕДНА ОБЈАВА

Битиќи: Минималната плата во државата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а пензионерите ќе добијат покачување на пензиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран
ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран

Петок, 31 Март, 2023 | 09:12
Пензионерите утре на сметките ќе ја добијат втората исплата на финансиска поддршка заради кризата
ВЕСТИ од Македонија

Од денеска почна исплатата на пензиите за месец март зголемени за 8,4%

Вторник, 28 Март, 2023 | 15:16
Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари
ВЕСТИ од Македонија

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

Понеделник, 13 Март, 2023 | 16:34
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Временска прогноза за утре: Пороен дожд, грмежи и ветер

Четврток, 9 Март, 2023 | 20:21
Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари
ВЕСТИ од Македонија

Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари

Понеделник, 6 Март, 2023 | 11:51
Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб
ВЕСТИ од Македонија

Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб

Петок, 3 Март, 2023 | 09:41

ТОП ВЕСТИ

Голем успех во Хрватска на учениците – готвачи од струмичкото училиште „Димитар Влахов
Струмица ќе собира искуства од Љубљана за градскиот транспорт, третманот на бездомните животни, но и за рециклирањето на отпадот
„Струмица Никоб“ го освои пехарот во македонскиот одбојкарски Куп

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници
Фирма за производство на мебел бара работници Фирма за производство на мебел бара работници
„БЕНЗОИЛ“ вработува „БЕНЗОИЛ“ вработува
„Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот „Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот
Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка

ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран

Од денеска почна исплатата на пензиите за месец март зголемени за 8,4%

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

НАЈАВА

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија
На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“
Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран
На 7 април Иван Котев ќе ја промовира книгата „Наведе́ се с’нце да зајде“
Претстава „Циркус Пирандело“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist