вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Get EXITed спектаклот во Струмица – Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утрото

петок, 8 септември, 2023 | 13:08
во Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Get EXITed спектаклот во Струмица – Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утрото

Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“.

„Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот, Душан Ковачевиќ.

На втората по ред „Get EXITed“ забава, која ветува да стане нова, блескава традиција, присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, кој го истакна значењето на овој настан.

„Кога ќе дојдете на „Get EXITed“ Струмица можете да ја почувствувате позитивната енергија која што е иницијална каписла и за мене и за Душан како основач на ЕГЗИТ фестивалот. Навистина чест и задоволство е да го имаме Get EXITed во Струмица втора година и со сигурен сум дека ќе го имаме и наредната и понаредната, и сѐ додека можеме да шириме позитивна енергија на Балканот тоа и ќе го правиме, бидејќи ваквите настани се нештата кои можат да нѐ обединат“, изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Феноменалниот Џон Њуман синоќа ги воодушеви фановите со својот специјален хибриден настап, претставувајќи емотивни мелодии и танцувачки ритми во совршени размери, додека светски познатиот продуцент и диџеј со турско потекло Бурак Јетер со најголемите глобални хитови ја издигна енергијата до точка на вриење. Публиката уживаше и во еклектичната и жанровски шаренолика музичка програма која ја претставија омилената уметница во регионов Констракта со својот бенд „Земља Грува“, рок легендите „Ван Гог“ со својата богата безвременска дискографија и еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот Џамбо Агушеви Оркестар, додека одличниот електронски звук го комплетираа и донесоа првата потписничка за „EXIT Echosystem Music & Talent Office“, Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“.

Мисијата на ЕГЗИТ уште од самото оформување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и збогатување на културната понуда преку развојот на креативните индустрии и фестивалскиот туризам, а оваа летна журка за паметење донесе спектакл во преубавиот струмички Градски парк и воспостави статус на нова важна туристичка атракција на Балканот, која веќе втора година по ред ги пополнува сите сместувачки капацитети во Струмица и околината.

„Get EXITed“ настанот е реализиран во организација со тимот на ЕГЗИТ и Општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Во Струмица одбележан Денот на независноста на Македонија

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во Струмица почна 31-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Василево

Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

недела, 1 октомври, 2023 | 22:24
Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица
Вести

Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица

недела, 1 октомври, 2023 | 18:33

ТОП ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist