Овој викенд во продажниот салон на „Разнопромет АС“ – Струмица ќе се одржи големата акциска понуда „Black Weekend“, со значителни попусти на целокупниот асортиман. Во петок и сабота (28 и 29 ноември), посетителите ќе можат да купуваат со 20% попуст на сите производи, без исклучок, додека дел од артиклите ќе бидат намалени и до 50%.
На површина од 3000м², со избор од над 40.000 производи, „Разнопромет АС“ нуди широка палета на алат, електрични алати, градежна опрема, боја и лакови, авто-програма, пластика, домаќински артикли, играчки, декорации и голем избор на новогодишни и божиќни украси.
Со „Black Weekend“ акцијата, компанијата го најавува стартот на празничната сезона со значително пониски цени и можност за поволна набавка на потребните производи.
Посетете го продажниот салон на „Разнопромет АС“ на излезот од Струмица кон Дабиље и искористете ги најповолните викенд попусти.
Комерцијална објава




























