среда, 20 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah ќе ги освојуваат младите струмичани на Get EXITed – забава до зори на 6 септември

петок, 16 август, 2024 | 13:34
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Италијанско електронско дуо „Agents Of Time“, италијанско-шведско трио „Meduza“, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez неприкосновена кралица на балканската трап и поп сцена Senidah, како и 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и струмичката „Дивизија“ се учесниците кои годинава ќе настапат на Get EXITed настанот во Струмица на 6-ти септември (петок). Сите тие на сцената во големиот градски парк ќе донесат различни жанрови, ненадминливи хитови и ритам за забава.

Драги Кискинов од „Дивизија“, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и Милица Драгомировиќ од Get EXITed го најавија 3-то издание на овој музички настан.

„Мисијата на „EXIT“ од неговото основање е поврзување на регионот и промовирање на мирот. Врската што EXIT ја гради со Македонија речиси четврт век е нераскинлива, а Get EXITed е само уште еден начин за дополнително зајакнување на таа врска. По две успешни изданија, неверојатно се радуваме на уште едно дружење со нашиот македонски тим, а со неверојатната програма што ја подготвивме, сигурни сме дека и публиката со нетрпение ја очекува“ – кажа Драгомировиќ.

За градоначалникот на Струмица, Костадинов фестивалот „Get EXITed“ за краток временски период се етаблираше како еден од настаните во годината кој со нетрпение го очекуваме, обединувајќи светски и регионални ѕвезди на едно место кои придонесуваат за незаборавно искуство под струмичкото небо.

„Успехот на овој фестивал е доказ за вистинската, братска соработка помеѓу соседни земји како Србија и Македонија, за посветеноста и ангажманот на сите инволвирани страни, од организаторите до уметниците и се разбира ентузијастите во публиката. Струмица продолжува да демонстрира квалитети на регионален центар, домаќин на настани од светска класа, а годинашното издание на фестивалот, кој прераснува во традиција, ќе биде само уште една потврда за ова“ – кажа струмичкит градоначалник.

Кискинов вели дека како локален музичар, овој настан за него има посебна важност.

„Get EXITed“ е повеќе од фестивалска сцена – овој фестивал е платформа која нуди можност да го прикажеме неверојатниот талент што го имаме во нашата држава. Покрај присуството на светски познати имиња, овој фестивал креира можност за локалните артисти, како мене да ја претстават својата музика и талентот пред пошироката публика“ – кажа Кискинов.

На Get EXITed во Струмица досега учествуваа врвни уметници од глобалните и регионалните сцени, како што се Џон Њуман, Бурак Јетер, Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Констракта, Ван Гог, Лана и многу други. По минатогодишното издание, кое привлече над 20.000 ентузијастички фанови, „Get EXITed“ повторно се враќа во струмичкиот парк, ветувајќи уште едно збогум на летото исполнето со музика и игра.

ShareTweetShare
Previous Post

Во недела во Босилово – изведба на претставата „Лекција“

Next Post

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?

Related Posts

На Преображение, во манастирот во Велјуса беше отслужена света повеќеархиерејска Литургија со Митрополите г. Дамаскин, г. Наум и Епископот дремвитски г. Давид
Вести

На Преображение, во манастирот во Велјуса беше отслужена света повеќеархиерејска Литургија со Митрополите г. Дамаскин, г. Наум и Епископот дремвитски г. Давид

вторник, 19 август, 2025 | 21:42
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „разбојништво“, лишени од слобода четири осомничени лица

вторник, 19 август, 2025 | 21:17
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Префрлањето на вина од Даскаловски на Костадинов и обратно, нема да го реши овој проблем.

вторник, 19 август, 2025 | 19:34
ЦУК и Доброволното противпожарно друштво од Струмица потпишаа Меморандум за соработка
Вести

ЦУК и Доброволното противпожарно друштво од Струмица потпишаа Меморандум за соработка

вторник, 19 август, 2025 | 15:53
Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Фејсбук објава на градоначалникот Костадинов кој реагира на соопштението на СДСМ Струмица

вторник, 19 август, 2025 | 14:58
СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

вторник, 19 август, 2025 | 13:13

ТОП ВЕСТИ

На Преображение, во манастирот во Велјуса беше отслужена света повеќеархиерејска Литургија со Митрополите г. Дамаскин, г. Наум и Епископот дремвитски г. Давид
СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „разбојништво“, лишени од слобода четири осомничени лица
Вработените во „Паркиралишта Струмица“ стравуваат за своите плати – најавуваат штрајк

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist