сабота, 6 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Adient повторно со титула за најдобар работодавец

недела, 21 јануари, 2024 | 18:54
in Вести, МАРКЕТИНГ, Струмица
Adient повторно со титула за најдобар работодавец

Компанијата Adient, глобалниот лидер во производство на автомобилски седишта, по вторпат добива сертификат од Институтот „Top Employers“ за најдобар работодавец во Европа за неколку од своите фабрики од регионот на ЕМЕА.

„Ова второ последователно рангирање на врвот е доказ за нашите континуирани залагања да бидеме ценет работодавец и е доказ дека приоритет ни се нашите вработени. Сметаме дека прогласувањето за најдобар работодавeц e реномиранo надворешнo признание за нашиот напредок“ – вели Небахат Гуелер, потпретседател за човекови ресурси во Adient ЕМЕА.

23 од фабриките на компанијата Adient лоцирани во Република Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија и Србија ја поминаа опсежната евалуација од страна на институтот и беа оценети во категории како што се: стратегија за човекови ресурси, работно опкружување, привлекување таленти, учење, различност и инклузија, добросостојба. Сертифицирани се фабриките од шестте оценети реони, исто како и минатата година.

Речиси сите Adient фабрики кои беа оценувани покажаа значителен напредок во резултатите со што се потврдува културата на постојано учење, а целосното бодување на компанијата е подобрено за 4,5% во споредба со 2023 година. Споредено со резултатите на 86 компании кои учествуваа во анализата, Adient во однос на конкурентите, особено се истакна во категориите: стратегија за вработените и практики за различност, еднаквост и вклученост, со 11% и 7% подобро рангирање соодветно. Според тоа, главните приоритети на Adient во доменот на човековите ресурси е да се биде компанија раководена од целите, развој на лидерството, организациски дизајн и промени, како и различност, еднаквост и инклузија.

„Повторната сертификација како најдобар работодавец, со повисоки оцени од минатата година, ја отсликува нашата посветеност кон нашите вработени, кон зајакнување на грижата за вработените кои нé инспирираат да продолжиме да ја унапредуваме корпоративната култура и да бидеме горди што сме дел од семејството на Adient” – вели Дијана Станкоска, менаџер за човекови ресурси во Adient Automotive во Струмица.

Програмата за сертификација за најдобар работодавец е создадена за да обезбеди насоки за спроведување на најдобри практики на вработените во широк спектар на индустрии. Оваа програма ги оценува компаниите низ целиот свет и дава повратна информација за нивната работна култура врз основа на истражување на најдобрите практики.

Adient (NYSE: ADNT) е глобален лидер во областа на автомобилски седишта. Со 70,000+ вработени во 29 земја, Adient раководи со повеќе од 200 фабрики за производство/склопување низ целиот свет. Произведуваат и испорачуваат автомобилски седишта за сите големи производители на оригинална опрема. Од комплетни системи за седишта до единични компоненти од пена, навлаки и метални компоненти, нивната стручност ги покрива сите чекори од процесот на производство на седишта. Нивните интегрирани, интерни вештини им овозможуваат да ги водат своите производи од истражување и дизајн до инженеринг и производство — и за милиони возила секоја година. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.adient.com.

Комерцијална објава
ShareTweetShare
Previous Post

Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово

Next Post

Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20
Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“
Вести

Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“

петок, 5 декември, 2025 | 08:07

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist