Од ЈПКД „Турија“ Василево ги информираат жителите на населените места Ангелци и Градашорци дека поради намален дотур на вода во Филтер станицата „Ташли Баир“ и екстремно зголемената потрошувачка, денеска (петок, 4 август), во периодот од 13:00 до 18:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето.
Од ЈПКД „Турија“ Василево упатуваат апел до сите водокорисници за рационално користење на водата како повторно не би дошло до прекини во водоснабдувањето.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								