СВР Струмица информира дека вчера околу 17:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Радовиш се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шкода Октавија“ сопственост на МВР и патничко возило „Хонда“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Република Бугарија. Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото „Хонда“ од Република Бугарија, констатирани во болницата во Струмица. Увид извршила екипа на СВР Струмица.