Вчера околу 16:00 часот на улицата „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, струмичко, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од СВР Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.