недела, 6 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

73 години од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

вторник, 13 август, 2024 | 14:36
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
73 години од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

Седумдесет и три години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот режим, беа одбележани утринава со Панихида на струмичките градски гробишта, а пред Споменикот во малиот градски парк беше положено свежо цвеќе од членови на семејствата на убиените студенти, локалната самоуправа на општина Струмица, политички партии и здруженија. Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица читаа поетски колаж.

За животот и делото на петте струмички студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.

„Кога се зборува за струмичката студентска петорка пожелно е да се каже во кое време тие делуваа. Кои биле нивните визии, желби, идеи и изградена свест за македонска националност, самобитност и припадност. По завршување на Втората светска војна овие нивни напредни идеи и политички ставови ги принудиле како студенти да се вклучат во првите редови за изразување на незадоволството од таквата идеологија и политика на комунизмот“ – кажа Андонов.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Горан Тренчовски – За славната петорка

Петтемина славни, тукушто вратени на распуст од поголемите градови каде што студираа, одлучија времето да го поминат заедно. Таа августовска вечер се договорија сите заедно да одат на проекција во Кино „Балкан“. Гледаа филм што раскажуваше за вербата, себичноста и измислувањето. Воедно купија билети и за новиот филм со Лиз Тејлор, што требаше да игра наскоро.

Утредента Маки одлучи да ја побара Ката за жена. Во недалечната Подгорија, во сенката под џиновскиот див костен, тие лежеа прегрнати врз постелата од свежи полуисушени лисја. Ката го одвитка подарокот што ѝ го даде Маки. Кутиче со златен прстен, украсен со ситен камен од рубин. Мешавина од восхит и сјаење. Привремено оттргнати од бестијалните стеги на локалната средина, започнаа да си разменуваат нежни изблици на љубов. Обајцата невини и искрени, сладострасно им се препуштија на чувствата. Под разголениот врат на Ката, над левата града, застана една пчелка. Го доближи жилото до нејзината мека кожа. Боцнувањето предизвика краткотраен болен писок.

Маки, Тони, Бистри, Лева и Крап умееја да сакаат и беа сакани. Ја следеа светската мода и беа многу поразлични од другите. Не читаа само странски книги и не слушаа само џез-плочи. Беа заколнати во старата Библија, со пиштол и кама, вкрстено положени врз неа. Бараа свое место под сонцето и веруваа дека небото ќе биде на сите.

Секогаш свежо избричени и со чисти чевли, набргу станаа трн во окото на црвените варвари. Ни насон не помислуваа дека една ноќ, додека во живо ечеше песната за рубинот, ќе бидат грабнати од игранката во Летната бавча на Офицерскиот дом. И потоа одведени со камион во долината на дивите костени.
Петорката беше стрелана по кратка постапка. Без повод, ниту пак со причина, само затоа што беа родољуби.

Џиџи, крунскиот сведок во предавството, другар од дете со Маки, се ожени за неговата Ката.
– Кате, сакам да бегаме одовде.
– И јас. Лоши соништа ме мачат.
– Ќе бидеме сами двајцата.
– Да оставиме сѐ зад нас, Џиџи.
– Преку Големата Бара.
– Не сакам повеќе да стапнам тука.
– А што ако нѐ запрат, на граница?
Сепак, Џиџи и Ката не успеаја да отпатуваат никаде и двајцата останаа долго заробени дома, под превезот на гревовите. Низ годините што се нижеа, клеветниците на петорката стекнуваа лажна слава, за да прокоцкаат на крајот сè, за грст сребреници и шише мастика. Мистериите довикуваат чудни спомени. Но неправдите со нив остануваат нерешени. Само носталгијата успева да ги крепи душите и да ги залечува раните.

Никогаш повеќе да не се повтори времето кога поради идеја се убиваше, а поради мисла се умираше. Проклета да е историјата, проклета да е наивноста со која и убиваме и умираме во земја во која не се гледаме едни со други, туку гледаме само идеи. Идеи што ненаситно нè јадат и живи нè горат.

© Горан Тренчовски, „Крунски панагон“, Антолог, Скопје, 2022.

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска се навршуваат 73 години од свирепото убиство на петте струмички студенти

Next Post

Струмичани ја имаа привилегијата премиерно да ги слушнат и да уживаат во изведбите на новите песни од првиот албум на Иван Кукиќ

Related Posts

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Вести

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

сабота, 5 јули, 2025 | 12:10
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата интервенирала по случена сообраќајка во Струмица и нашла марихуана во автомобилот

петок, 4 јули, 2025 | 14:22
Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица
Вести

Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица

петок, 4 јули, 2025 | 13:43
Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи
Вести

Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи

петок, 4 јули, 2025 | 07:43

ТОП ВЕСТИ

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist