По речиси тримесечен распуст и средношколците во трите средни општински училишта во Струмица ја започнаа новата учебна 2023/2024 година. Годинава се запишани 670 нови средношколци, односно многу помалку од планираните 1209 ученици во прва година или за околу 100 помалку од лани кога се запишале 774 ученици во прва година.
Од Одделението за образование при Општина Струмица велат дека конечниот број ќе се знае до крајот на месец септември, бидејќи се уште се запишуваат ученици.