Синоќа во 22:00 часот во СВР Струмица, 40-годишна жена од струмичко пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му (снаа на пријавителката). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Струмица.