Синоќа околу полноќ полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38-годишен жител на Струмица, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетник од Струмица, информираат од струмичката полиција. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.